За програмата
Добродојдовте во МЕДИА-потпрограма на Креативна Европа,
МЕДИА е програма на Европската Унија, која финансиски го поддржува европскиот филм и аудиовизуелните индустрии во развој, дистрибуција и промоција на делата.
МЕДИА овозможува поддршка на европските филмски работници за развој на нови филмски проекти, наоѓање на партнери и ко-продукции со цел да се прошири маркетот надвор од националните и европските граници.
Со оваа потпрограма се опфатени и кофинансирање на работилници за професионално усовршување на младите и афирмираните филмски работници, како ко-финансирање на новите технологии и платформи за дистрибуција на аудиовизуелни содржини.
Предлог буџетот на МЕДИА за 2021-2027 година изнесува 1.091 милјарда евра
Цели на потпрограмата МЕДИА
- Посилен европски аудиовизуелен сектор, почитувајќи и прикажувајќи го европскиот културен идентитет и наследство
- Зголемување на опсегот на европски аудиовизуелни дела во и надвор од Европската Унија
- Зајакнување на конкурентноста на европскиот аудиовизуелен сектор, олеснувајќи го пристапот до финансирање и промовирајќи го користењето на дигиталните технологии
Секоја година МЕДИА поддржува:
- Развој на околу 200 нови филмови и серии
- Дистрибуција на повеќе од 400 филмови
- 1100 европски кина во 34 земји дел од европската мрежа на кино сали Europa Cinemas.
- 70 филмски фестивали
Северна Македонија и МЕДИА
Во МЕДИА, учествуваат 39 земји (целосна листа тука), со што се поттикнува културната разноликост и прекугранична соработка. Секоја земја има своја канцеларија која ја претставува програмата. Република Северна Македонија официјално пристапи во потпрограмата МЕДИА – Креативна Европа на 24 јули 2015 година. МЕДИА Деск МК започна со работа од 1 април 2016 година, во рамкиите на Агенцијата за филм
Што е целта на МЕДИА Деск МК?
- Информации и совети за финансиските можности и услови на МЕДИА
- Помош за развој на проекти и подготовка на апликации
- Поддршка за градење меѓународни партнерства
- Новости за повици/конкурси
- Организирање информативни и едукативни настани
- Индивидуални консултации