Новости

02.05.2017

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ поддржан од МЕДИА

Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ја доби поддршката од потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, на последниот повик за подршка на развој на филмски проекти, во висина од 30.000 евра. Во конкуренција од 294 пријави од цела Европа, на овој конкурс се поддржани 57 проекти, меѓу кои и најновиот […]

21.04.2017

Промовирани проектот „Катавеј онлајн и офлајн: Нови дигитални форми за филмска дистрибуција на Балканот“ и онлајн-платформа „Синесквер“

Во просториите на Агенцијата за филм на Република Македонија на 20 Април 2017 се одржа прес-конференција која ја организираа дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје, Агенцијата за филм на РМ и Канцеларијата за потпрограмата Медиа на Креативна Европа. Повод за средбата со претставниците на медиумите беше меѓународниот проект „Катавеј онлајн и офлајн: Нови дигитални форми за филмска дистрибуција на Балканот“, кој е поддржан […]

23.03.2017

Презентација на Креативна Европа МЕДИА 06.04.2017

На 6 април 2017, во рамките на Филозофскиот Филмски Фестивал, ќе се одржи презентација за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со фокус на повиците за Поединечен развој на проекти и Филмски Фестивали. Презентацијата ќе биде проследена и со индивидуални консултации за проектите кои што планираат да аплицираат во априлскиот рок. Гостинка на настанот ќе биде Г-ѓата Мартина Петровиќ, Раководител на […]

21.03.2017

МЕДИА презентација на Софија Митингс

Македонскиот МЕДИА Деск на покана од Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА од Бугарија, на 18 Март присуствуваше на овогодинешното издание на Софија Митингс, кое се одвиваше во рамките на Софија Филм Фестивал. Настанот беше насловен „Креативна Европа МЕДИА – Нови моменти и примери на успешна пракса од нашите соседни земји“. При тоа беа дадени примери […]

24.11.2016

Презентација на Креативна Европа (Култура и МЕДИА)

На 1 декември 2016 година, во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба – Скопје, ќе се одржи презентација на двете потпрограми на Креативна Европа, Култура и МЕДИА. Гости на настанот ќе бидат претставници на Канцеларијата на Креативна Европа – Култура од Холандија и на Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија. Агенда Потпрограма […]

09.11.2016

Проект за онлајн дистрибуција на „Катавеј“ поддржан од МЕДИА

Проектот на дистрибутерската и продуцентска куќа „Катавеј“ за нови дигитални форми на филмска дистрибуција на Балканот е еден од 10-те проекти, од вкупно 31 пријавени за онлајн дистрибуција, кои годинава добија поддршка од подпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“, специјализирана за развој, дистрибуција и промоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа. Со тоа, „Катавеј онлајн и […]

07.11.2016

МЕДИА презентација и работилница за сценарио на Cinedays

На 14.11.2016 (понеделник), во рамките на 15 издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во организација на Канцеларијата на Креативна Европа за потпрограмата МЕДИА, Агенцијата за филм на РМ и тренинг програмата Мидпоинт од Р. Чешка, ќе се одржи МЕДИА презентација и работилница за сценарио. Работилницата која ќе ја реализира Арне Колвајер, има за цел […]

17.10.2016

Одржани инфо ден и работилници за потпрограмите „Култура“ и „Медиа“ на „Креативна Европа“

Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Македонија, во рамките на спроведувањето на програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), организираа дводневен настан, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија и организацијата за европски програми Еуклид од Велика Британија. Настанот се одржa на 13 октомври 2016 во Порта Македонија и на […]

06.10.2016

Инфо ден и работилници за „Креативна Европа (Култура и МЕДИА)“ 13-14 октомври 2016, Скопје

Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во рамките на спроведувањето на програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), организираат дводневен настан, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија и организацијата за европски програми Еуклид од Велика Британија. Настанот ќе се одржи на 13 октомври 2016 во […]

30.08.2016

Активности на МЕДИА Дескот во рамките на Манаки

Во рамките на 37-мото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 10 до 17 Септември 2016, активно учество ќе има Канцеларијата на Креативна Европа за потпрограмата МЕДИА. Имено, на 13 Септември ќе се одржи Инфо сесија на која што ќе бидe претставена потпрограмата МЕДИА. Веднаш потоа ќе следува предавање […]