Работилници

EAVE PRODUCERS WORKSHOP 2023

EAVE Producers Workshop e едногодишна тренинг програма намената за усовршување на европските продуценти на аудиовизуелни дела предводена од EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs), организација препознатлива по програмите за тренинг и развој за продуценти.

Програмата е поделена на три интензивни еднонеделни работилници за професионално усовршување преку развој на игран, документарен или тв сериски проект, организирани во следниот редослед:

I работилница: Луксембург од 3 до 10 март 2023

II работилница Алпбах, Австрија од 11-18 јуни 2023

III работилница, Холандија, октомври 2023

Кој може да се пријави?

ЕАVE е наменета за етаблирани продуценти кои работат на играни, документарни филмови, или телевизиски серии, а кои сакаат да го прошират сопственото делување на меѓународно ниво преку унапредување на сопственото знаење за продукција и копродукција во Европа и преку градење на паневропска професионална мрежа.

На тренингот може да бидат доставени апликации од кандидати од придружните гранки на индустријата, како на пример продажба и дистрибуција,  фестивали и маркети, национални и регионални фондови и слично.

Секоја година се избираат 50 учесници кои преку оваа програма имаат можност да се фокусираат на:

  • Унапредување на сопственото занење и вештини на високо професионално ниво
  • Приклучување кон динамичната европска мрежа
  • Можности за конфинансирање и копродукција во Европа
  • Проширување на знаењето за финансирање на европски филмови и телевизиски серии
  • Сеопфатен развој на проекти под менторство на водечки европски експерти

Учесниците можат да се пријават со и без проект, односно да ја искористат оваа програма за развој на сопствените проекти, или за развој на сопствената кариера или продуцентска куќа.

Се препорачува кандидатите кои се фокусираат на развој на проект, во првите две недели од тренингот да учествуваат заедно со сценаристот во проектот, со кој преку индивидуални и групни сесии заедно со експерти за сценарио ќе можат да го развиваат сценариото.

Во текот на првите две работилници, учесниците работат во групи водени од искусни продуценти и во соработка со експерти за анализа на сценарио, развој и финансирање на продукција, правни аспекти на копродукција, маркетинг, pitching и слично. На третата работилница ќе се приклучат 60-70 финансиери (уредници, национални и регионални медиски фондови, продажни агенти и слично), пред кои учесниците ќе ги презентираат своите проекти.

Рок за аплицирање

Апликацијата за тренинг програмата можете да ја проследите тука  eave.org/apply/epw-2023/

Рокот за поднесување на апликацијата е 29 август 2022.

Интервјуата со кандидатите кои влегуваат во вториот круг на селекција се предвидени да се одржат на есен 2022.

Котизација

Пријавување: 150 €
Членарина за Producers Workshop со проект: 3.000 €
Членарина за Producers Workshop без проект: 2.000 €
Надомест по работилница (вклучувајќи сместување и полн пансион, без патување): 1.600 €
За сценаристи за првата и втората работилница: 600 € (од работилница)

 Стипендии

EAVE доделува 8 стипендии за учесници кои доаѓаат од држави учесници во програмата на Креативна Европа МЕДИА, и кои се дел од ЛЦЦ Б (LLC B Low capacity countries): Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Унгарија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Словачка, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Република Србија, Украина и Словенија.

Се охрабруваат кандидатите да аплицираат за дополнителна финансиска поддршка во нивните национални и регионални фондови. Овие стипендии ќе можат да покријат членарина за целата програма или поединечна работилница.

За повеќе информации можете да се обратите на satu@eave.org или да ја посeтите веб страната .

Eureka Series 2022

Тримесечна програма за усовршување на сценаристи на ТВ серии

Рок на пријавување: 10 декември, 2021

WRITTERS CAMPUS 2022

Програма за сценаристи со ТВ серија во развој

Рок на пријавување: 20 декември, 2021

M:Brane 2022

Копродукциски форум за проекти за млада публика

Рок на пријавување: 2 декември, 2021

CEE Animation Workshop 2022

Целогодишна едукативна програма за филмски професионалци со анимиран проект во развој

Можност за стипендии

Рок на пријавување: 15 ноември, 2021

MIDPOINT Feature Launch 2022

Програма наменета за сценаристи, режисери и продуценти со прв или втор долгометражен филм во развој.

Рок на пријавување: 1 ноември, 2021

 

WHEN EAST MEETS WEST 2022

Копродукциски форум за Европски документарни и играни филмови во развој

Рок на пријавување: 30 Октомври, 2021

ACE 31

Напредна работилница за продуценти со проекти во развој со копродукциски потенцијал

Рок на пријавување: 3 мај, 2021

BDC discoveries 2021

Работилница за филмски професионалци од Балканот со документарен проект во развој со меѓународен потенцијал и крос-медиски пристап.

Рок на пријавување: 12 март, 2021

Animation Production Days

Копродукциски и финансиски саем за анимирани проекти во развој

Рок на пријавување: 22 февруари, 2021