21.08.2017 - Новости

Презентација за Креативна Европа на „Македокс“ и „Струшки Вечери на Поезијата“

Јавни дискусии и презентации за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ во рамки на фестивалите „Македокс“ и „Струшки вечери на поезијата“

Канцеларите на Креативна Европа – Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивали се поддржани од Програмата Креативна Европа.

Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми Култура и МЕДИА, како и за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“.

Во рамките на „Македокс“, ќе бидат презентирани примери на добра пракса од МЕДИА поддржани документарни филмови, тренинзи и фестивали за документарен филм.

Во рамките на Струшките Вечери на Поезијата, ќе се дискутира за препораките за Програмата по 2020 година, среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе бидат претставени информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, ќе се презентираат модели за барање на партнери и др.

Во продолжение следуваат учесниците и термините на дискусиите во програмите на овие два фестивали.

 

МАКЕДОКС 2017 година: „Креативна Европа  (МЕДИА и Култура)“

23 август 2017: Фестивал за креативен докуменарен филм „МАКЕДОКС“ 2017 година:

Место: Црква Св. Спас (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) – Скопје; Време: 11:00 часот

Учесници: Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка; Владимир Стојчевски и Билјана Прентоска Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на Република Македонија; претставници на фестивалот „Македокс“

 

Струшки вечери на поезијата 2017 година: „Креативна Европа по 2020“

24 август 2017: „Струшки вечери на поезијата“

Место: Хотел „Дрим“ ( Пијано бар) – Струга; Време: 16:30 часот

Учесници: Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Македонија; Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Бугарија; Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка; Владимир Стојчевски од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија и претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“.