13.10.2023 - Oтворени повици

ТВ и Онлајн содржина 2024

Линк: TV and online content (CREA-MEDIA-2024-TVONLINE)

Повикот ТВ и онлајн содржина е поддршка насочена кон зголемување на капацитетите на аудиовизуелните продуценти за развој и продукција на проекти со значителен потенцијал да циркулираат низ Европа и пошироко, преку поттикнување на европски и меѓународни копродукции од телевизискиот и онлајн сектор. 

Оваа поддршка има за цел:

  • Да ја поттикне независноста на продуцентите во однос на прикажувачките и дигиталните платформи;
  • Да ја зајакне соработката помеѓу операторите, вклучувајќи ги и независните продуценти, емитувачи, дигитални платформи и селс агенти од различни земји кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА;
  • Продукција на високо квалитетна програма која има потенцијал да допре до меѓународната публика вклучувајќи и рекламно прикажување на мултимедијалните платформи. 
Кој може да аплицира? 

На повикот ТВ и онлајн содржина можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа- целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Независни европски продукциски куќи кои ги исполнуваат следните дополнителни услови:
    • Да обезбедат учество на најмалку два емитувачи поткрепено со правно обврзувачки договор; 
    • Координаторот мора да биде мнозински продуцент на делото во однос на правата. Во случај на копродукција од 50%-50%, координаторот треба да биде назначен од партнерот(ите) како главен продуцент;
    • Да обезбедат минимален износ од 40% од вкупниот предвиден буџет за продукција од трет извор, односно преку придонес од емитувачите, дистрибутерите и приватни и/или јавни фондови. 
Поддршката е достапна за: 

Повикот ТВ и онлајн содржина поддржува играни, анимирани и документарни дела наменети за линеарно и нелинеарно прикажување, кои имаат:

  • цврста соработка помеѓу различни земји кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа;
  • високи креативни и уметнички вредности и значителен потенцијал за циркулирање на  европско и меѓународно ниво; 
  • иновативни аспекти во однос на содржината и финансирањето кои покажуваат јасна врска со предвидени стратегии за дистрибуција;
  • Посебно внимание ќе се посвети на проекти кои вклучуваат соодветни стратегии за обезбедување на поодржлива и „позелена“ индустрија (преку ангажирање на консултанти за животна средина кои ќе асистираат во намалувањето на штетното влијание на самата продукција врз животната средина) и родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.  
Очекувани резутати:
  • зголемување на продукцијата и копродукцијата на високо квалитетни европски дела наменети за линеарно и нелинеарно прикажување (вклучувајќи ги и дигиталните платформи);
  • зајакнување на соработката помеѓу операторите и емитувачите од различни држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА; 
  • поттикнување на интерес кај публиката за европски дела наменети за линеарно и нелинеарно прикажување (вклучувајќи ги и дигиталните платформи).
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 20% од вкупниот буџет на проектот. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот: 

  • За креативни документарци, максималниот износ на грантот е 300 000 евра.
  • За анимирани аудиовизуелни дела, максималниот износ на грантот е 500 000 евра.
  • За играни филмови, максималниот износ на грантот е: 
    • 500 000 евра доколку продукцискиот буџет е под 10 милиони евра. 
    • 1 милион евра доколку продукцискиот буџет е помеѓу 10 милиони и 20 милиони евра. 
    • 2 милиони евра доколку продукцискиот буџет е над 20 милиони евра. 

Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, претходно утврден од страна на донаторот врз база на пресметаниот буџет на проектот. Сумата ќе биде фиксно доделена од претпоставениот орган врз основа на проценетата буџетска стапка на проектот и стапка на финансирање од најмногу 20%.

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од  36 месеци.

Подетални информации за повикот ТВ и онлајн содржина можете да најдете на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската Kомисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со овој повик, како и останатите кои се достапни на веб-страната, можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk