01.06.2020 - Новости

МЕДИА од 2021-2027

Новата програма ќе стави фокус на:

  • публиката
  • родовата еднаквост
  • интернационалната димензија
  • соработка помеѓу професионалците

Новата програма подразбира продлабочување на дел од веќе постоечките акции како: поддршка за кино прикажувачите на европски филмови, развој на успешни филмови, инвестирање во професионалци од аудиовизуелниот сектор. Дополнително, програмата предвидува проширување на иновативни проекти кои се однесуваат на виртуелната реалност, потоа инвестирање во мрежа на ВОД платформи и филмски фестивали, ко-продукции како и промоција на европските успешни проекти во светот.