15.06.2020 - Новости

Европски филмски форум -онлајн во рамките на канскиот филмски маркет

На 22-ри јуни, 2020 во 16.00 часот ќе се одржи онлајн изданието на „Европскиот филмски форум“ организирано од МЕДИА во рамките на канскиот филмски маркет.

Темата оваа година произлезе од кризата со корона вирусот и ефектите кои таа ги има кон аудиовизуелниот сектор.

„Дефинирање на иднината на европскиот аудиовизуелен еко-систем: каква е улогата на Европската Унија“

Точки на дискусија:

  • анализа на моменталната ситуација
  • развој на заедничка визија на аудиовизулениот еко-систем
  • начини да се зајакне аудиовизуелниот еко-систем
  • улогата на Европската Унија

Повеќе за говорниците и начинот на пријавување тука.