13.10.2023 - Oтворени повици

Пазари и Вмрежување

Број на повик: Markets and Networking (CREA-MEDIA-2024-FILMOVE)
(претходно познат како Селективна поддршка за дистрибуција)

Поддршката за активноста на Пазари и Вмрежување  е наменета за да се зајакне промоцијата на европските содржини на глобалниот пазар и да се поттикне соработката меѓу сите делови од синџирот на аудиовизуелни вредности за ко-креација и промоција на европски аудиовизуелни дела.

Кој може да аплицира? 

На повикот Пазари и Вмрежување можат да се пријават субјекти кои се: 

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Корисниците и поврзаните субјекти мора да се регистрираат на следниот линк. За валидација, ќе биде побарано да се прикачат документи кои покажуваат правен статус и потекло.
Очекувани резултати:
  • да се подобри иновативниот аспект на постојните европски индустриски пазари и да се зголеми нивното системско влијание;
  • да се поттикне создавањето на мрежи на пазари;
  •  да се поттикне развојот на мрежи меѓу европските професионалци со цел да се ко-креира серии;
  • да се промовира одржливоста и процесот на позеленување на пазарите;
  • да се подобри конкурентноста, тиражот и промоцијата на европските аудиовизуелни дела на меѓународните пазари
  • да се поттикне диверзитетот и инклузијата на пазарите и мрежите;
  • да се осигура дека европската аудиовизуелна индустрија целосно ги користи технолошките и деловните иновации.
Поддршката е достапна за: 
  • Пазари: Индустриски настани, физички, дигитални или хибридни, фокусирани на размена на бизнис-бизнис меѓу европските аудиовизуелни професионалци, олеснувајќи ги копродукциите и продажбата и покажуваат структурен ефект врз европскиот аудиовизуелен екосистем, како и влијание врз промоцијата и продажбата на Европски аудиовизуелни дела на светските пазари.Активностите и настаните треба да се прилагодат на тековните трендови на пазарот и да вклучуваат иновативни содржини (видео игри, VR, XR, AI, крос-медиуми), анимација или жанровски аудиовизуелни дела.
  • Вмрежување низ целиот синџир на вредности:  Промоција на европските дела и консолидација на аудиовизуелниот екосистем низ целиот синџир на вредности. Активности поврзани со различни постоечки пазари во и надвор од земјите-учеснички во делот МЕДИА. Ваквите активности ќе вклучуваат промотивни цели од бизнис до бизнис, вклучително и финансиска поддршка на трети страни, насочени кон олеснување на дистрибуцијата на европски аудиовизуелни дела или размена на најдобри практики, со посебен фокус на иновативни технологии и деловни практики поврзани со ко-креирање на серии, што доведува до пазарни и конкурентни европски серии.
Достапно финансирање 

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е помеѓу 24 месеци.

Подетални информации за повикот Пазари и Вмрежување, на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок (18 јануари 2024).

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk

 

Пазари: