09.10.2023 - Новости

Креативна Европа Медиа МК на 44-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Меѓународниот филмски фестивал на кинематографери „БРАЌА МАНАКИ“ е првиот и најстар филмски фестивал во светот посветен на кинематографската дејност. Фестивалот кој е започнат во 1979 година расте со голем потенцијал, така што по Декларацијата за независност на Република Македонија, на 8 септември 1991 година бил претворен во Меѓународен фестивал на светските кина застапени со играни филмови, во конкуренција за трите фестивалски награди: златна , сребрена и бронзена камера 300.

Оваа година, овој меѓународен и светски познат филмски фестивал го достигна своето 44то издание во Битола, одржан од 23ти до 29ти септември 2023 год., поддржан и од Канцеларијата на Креативна Европа Медиа МК.

Во склоп на фестивалскиот инфо-деск, беше поставен и пулт со цел промовирање и пласирање на достапните повици од Креативна Европа Медиа каде секој заинтересиран беше во можност да се запознае целисходно и детално со сите елементи од процесот на аплицирање на програмата МЕДИА.

Покрај тоа, во склоп на програмата на ИФФК Браќа Манаки во Битола, беа прикажани и филмови кои се подржани од програмата на Креативна Европа Медиа, меѓу кои: Lа Chimera, Club Zero, Even Pigs Go to Heaven, Behind the Haystacks, The Sleeping Beast, May Labor Day итн.

Интернационалниот аспектј оваа година беше особено видлив поради присуството на над 300 гости од светот на филмската дејност, вклучувајќи ги Seamus Mcgarvey, Peter Bizou, Elen Lotman и уште многу други познати режисери и кинематографи. За тимот на Креативна Европа Медиа МК ова претставуваше одлична можност да се запознае со голем број од нив и да оствари  понатамошна соработка за идни настани. мастеркласови и работилници.