19.12.2022 - Новости

“SHARE YOUR SLATE” Сретнете ги вашите идни копродуценти

SHARE YOUR SLATE
ONLINE,
31 јануари до 2 февруари, 2023

Почитувани МЕДИА корисници, заинтересирани продуценти и потенцијални апликанти,  Креативна Европа МЕДИА Деск Германија ве поканува да учествувате во виртуелниот копродукциски настан “Share Your Slate”.

“Share Your Slate” е бесплатен виртуелен копродукциски настан кој се организира секоја година, во пресрет на Европскиот филмски маркет на Берлинале. Учесниците во форумот ќе имааат можност да се сретнат со потенцијални партнери, односно продуценти кои имаат искуство со аплицирање или кои допрва ќе аплицираат на повиците Развој на (мали) групни проекти на Креативна Европа МЕДИА.

Kако да се пријавите?

За учество во настанот потребно е да го пополните формуларот (2023_Share_Your_Slate_Entry_Form) со најмногу три проекти, да испратите ваша фотографија, лого на вашата продукциска куќа и репрезентативни визуелни материјали од вашиот проект на info@ced-hamburg.eu, најдоцна до 9 јануари 2023.

По завршување на рокот за аплицирање ќе биде изработен каталог со сите учесници, продукциски куќи и проекти, преку кои можете да одберете со кои би сакале да остварите онлајн средба. По вашата селекција, организаторот ќе ви достави распоред и линкови за вашите состаноци.

За повеќе информации проследете го документот тука. (2023_SYS_General_Info (002) )

*** Имајте предвид дека секој кој ќе достави пополнета пријава ќе биде учесник во настанот.