12.10.2023 - Oтворени повици

Мрежа на Европски Фестивали

Број на повикот:   CREA-MEDIA-2024-FESTNET

Мрежа на европски фестивали е поддршка намената за координирани и колаборативни активности помеѓу европските аудиовизуелни фестивали, со цел да се зголеми интересот на публиката за европски филмски и аудиовизуелни содржини и да се промовира нивната циркулација и видливост.

Кој може да аплицира?

На повикот Мрежа на европски фестивали можат да се пријават субјекти кои се:

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • апликантите мора да бидат подобни да организираат аудиовизуелни фестивали во земјите кои учествуваат во програмата на МЕДИА:
    • На повикот можат да аплицираат филмски и аудиовизуелни фестивали чиишто програми имаат јасна кураторска, регулативна и селективна процедура
    • Каде 50% од програмата ја сочинуваат европски филмови и аудиовизуелни дела од земјите кои се дел од потпрограмата МЕДИА.
Очекувани резултати:
  • Зајакнување на соработката меѓу европските аудиовизуелни фестивали, членови на мрежата, што прикажуваат значителен дел европски филмови и аудиовизуелни дела преку колаборативни активности со цел проширување и обновување на публиката.
  • Зголемување на влијанието на европските аудиовизуелни фестивали со цел да се зајакне промоцијата, дистрибуцијата и циркулацијата на европски филмови и аудиовизуелни дела до пошироката публика низ Европа.
  • Поттикнување на размена на знаења и модели на најдобри практики за соработка меѓу фестивалите преку колаборативни активности насочени кон проширување и обновување на публиката.
Поддршката е достапна за:   
  • Спроведување на координирани активности кои имаат за цел да го прошират развојот на публиката и интересот за европски филмови и аудиовизуелни дела.
  • Спроведување активности поврзани со нејзиниот одржлив структуриран развој (на пр. настани за соработка; споделување на знаење и информации; комуникација меѓу членовите).
  • Aктивности кои промовираат одржливи и еколошки одговорни практики.
 Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 90% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 24 месеци.

Подетални информации за повикот Мрежа на европски фестивали можете да најдете на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок (11 Април 2024).

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk