06.07.2020 - Новости

Летно кино со европски филмови

Европскиот проект поддржан од Креативна Европа МЕДИА European Film Challenge  кој го реализира македонската невладина организација „БЛИНК 42-21“ во соработка со Кинотека на Северна Македонија  од 10-ти до 13-ти јули организираат Летно Кино на отворено. Во рамките на 4 дневната програма ќе се прикажуваат европските филмови:

Господ постои, името ѝ е Петрунија,  Гостин / The Guest ,  Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet  и Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)

Проекциите започнуваат во 21.00 часот и согласно моменталната ситуација Кинотека на Северна Македонија ќе ги реализира според официјалните протоколи за организација на настани. Повеќе инфо тука.