31.08.2018 - Новости

Проект за онлајн дистрибуција по трет пат поддржан од МЕДИА

Дистрибутерската куќа „Катавеј“, трета година по ред доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА на повикот за Онлајн дистрибуција, во висина од 180.000 евра. Нивниот проект Cinesquare VOD Platform е еден од 30-те селектирани, од вкупно 85 пријавени проекти, кои годинава добија поддршка од подпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.